Свет
6. September 2017 - 19:06

Пронајден експлозив во стан во Париз, уапсени две лица

Две лица се уапсени откако француската полиција  во еден стан, близу Париз, пронајде состојки кои можат да се употребат за правење бомба.

Уапсени се две лица кои возеле комби во сопственост на закупецот на станот. Инаку станот, за време на претресот бил празен.

Во рацијата, изведена по дојава на еден мајстор кој во станот видел хемиски состојки и алат, пронајдени се плински боци и компоненти потребни за правење на експлозивот ТАТП.

ТАТП е експлозив што се изработува едноставно, а во неколку наврати беше користен од страна на припадниците на Исламска држава при извршувањето на напади во западниот дел на Европа во текот на последната година.