Македонија
4. November 2019 - 13:26

Пронајден е архитектот Константиновски

Исчезнатиот професор во пензија и архитект Георги Константиновски е најден жив денеска во Бардовци, дознаваме од извори во семејството.

Георги се водеше како исчезнат од ноќта меѓу петокот и саботата. Во меѓувреме во Брза помош било пријавено дека е донесено тело најдено во Бардовци, но за среќа, најдениот човек бил жив, а тоа всушност бил Константиновски.

Според непотвредени информации, Константиновски бил најден паднат во некој двор.