Балкан
1. November 2016 - 21:58

Пронајден автомобил полн со оружје - Полицијата ја проверува врската со можен атенат врз премиерот Вучиќ

Српската полиција во рамки на истрагата за обид за атентат врз премиерот Александар Вучиќ, вечерва во една гаража во Нов Белград пронајде автомобил од марката рено меган, полн со оружје.
 
Полицијата утврдила дека се работи за возило кое е украдено во јануари оваа година.
 
Во него е пронајдена голема количество оружје, како и два пати по 200 грама експлозив, ТНТ детонатор и два мобилни телефона кои служат за активирање и пиштол.
 
Истрагата е во тек.