Македонија
23. September 2019 - 12:41

Промовирано здружение за спасување „Спасител“ во Крива Паланка

Крива Паланка доби здружение кое ќе работи во областа на спасување и помош, „Спасител“,а беше промовирано на плоштадот „Карпошово востание“ со јавен настан.

Експертот за национална сигурност, Велин Стојановски, ги презентираше основните цели и принципи на работа и екипираност на службата.

-Основна цел на активностите на здружението е со својот ангажман да придонесе за подигнување на културата на живеење во урбаните и рурални средини, во општината и регионот, да се помогне во опстојување на личностите како индивидуи во достигнување  на нивни потполни психофизички, интелектуални, духовни можности како поединеци  и одговорни граѓани, без разлика на нивното место на живеење, рече Стојановски.

Службата за спасување и помош „Спасител“ е промовирана во рамки на проектот „Биди свој“, финансиски поддржан од општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината за 2019 година.

Во рамките на овој проект се предвидени: едукативни раговори, семинари, презентации и други форми на формално и неформална наобразба за помош и подддршка на правилниот и здрав развојот на личностите.