Македонија
26. January 2016 - 15:24

Промовирано Упатство со Прирачник за одржување на училишните објекти

Препораки базирани на знаења и долгогодишни искуства содржи Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти што го промовираа денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и шефот  на мисијата на УСАИД во Република Македонија Џејмс Стајн.

Упатството е резултат на заедничката работа на Министерството, УСАИД и вработените во училиштата.

- Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието успеавме да  обезбедиме и законска регулатива за да им помогнеме на училиштата полесно и поефикасно да ги одржуваат своите објекти и подобрените услови за работа во нив, рече министерот Адеми на промоцијата.

Адеми додаде дека од особено значење е што во сите активности околу реновирањето, покрај УСАИД, вклучени се и вработените во општините, во училиштата и родителите на учениците. Тие исто така задно мора да партиципираат и во одржувањето на училишните објекти.

- Преку оваа заедничка работа и посветеност во создавањето подобра образовна инфраструктура, успеваме да го развиваме и зајакнуваме мултикултурализмот во нашата држава. Успеваме да ги воспитаме нашите деца во духот на добрата меѓуетничка соработка. Тоа е нашиот влог во добра и просперитетна иднина, подвлече Адеми.