Бизнис
1. March 2017 - 19:53

Промовирани нови мерки за намалување на невработеноста

Сите компании кои сакаат да вработат лица од социјален ризик,  можат да аплицраат за мерката субвенционирано вработување од оваа категорија. Ако вработат  лице со понизок степен на образование ќе добијат субвенција за плата од 14 900 денари, а за лице со повиоко бразование е 17 000 денари. Плус  работодавачот  во првите шест месеци  за секое лице ќе добиваат и по 5.000 денари за поркивање на трошоците за нивна обука.  Од денеска и сите мали и микро бизниси  кои имаат потреба од нов кадар можа да аплицираат за добивање на кредит  за отворање на нови работни места. И тоа за едно кредитот е 3000 евра, а за три новоотворени работни места е  9000 евра.

Сите невработени лица кои сакаат да отпочнат свој бизнис а се регистрирани  во агенцијата за вработување од денеска можат да апицираат за добивање на кредит за самовработување.

На огласот за доделување на државен грант за самовработување аплирале над 700 лица.

Во фокусот на сите мерки се младите до 29 години. Огласите ќе бидат отворени додека не се распределат превидените средства. Мерките се дел од оперативниот план  за вработување  за годинава.