Македонија
17. September 2015 - 14:36

Промовирана збирка од 20 сликовници за деца

Во Детскиот креативен центар во Скопје денеска беше промовирана „Нашата прва библиотека“, збирка од 20 сликовници за деца на македонски и албански јазик. Сликовниците ќе бидат дел од секоја училница по одделенска настава во Македонија и во библиотеките. 

Сликовниците ги промовираа сопругата на американскиот амбасдор во Македонија Кејпи Полк Бејли и Сузана Киранџиска, раководител на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. 

Кејпи Полк Бејли нагласи дека сликовниците содржат многу повеќе од интересни и убави илустрации.

- Зборовите и приказните во сликовниците ги канат децата да спознаат нови искуства, идеи, места и луѓе. Книгите за деца ги подобруваат јазичните и комуникациските вештини, потенцира таа. 

Киранџиска ги претстави сликовниците со предлог-активностите кои наставниците и родителите можат да ги користат со децата кои се описменуваат. Сликовниците опфаќаат повеќе теми блиски на децата-пријателство, чувства, наука, лица со посебни потреби...

На настанот присуствуваа родители, ученици и наставници од неколку основни училишта во Скопје.