Македонија
19. August 2016 - 14:41

Промовирана поетската книга „Рефлексии“ од Атанас Георгиев

Во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани беше промовирана поетската книга под наслов „Рефлексии“ од кочанскиот роднокраен автор Атанас Георгиев. Книгата е во издание на кочанската библиотека во рамки на акцијата за негување на роднокрајни автори.

- Во стихозбирката се поместени 45 песни, жанровски различни во кои најчесто мотивите се љубовта, сеќавањето за деновите од детството поминато во селото Вранинци, како и заблудите и очекувањата од животот во ова кочанско село во срцето на Осоговијата, изјави авторот Георгиев.

Атанас Георгиев покрај пишување поезија, ја негува и изворната народна песна од Осоговијата и свири на неколку музички инструменти: кемане, кавал, тамбура, гајда, сворче.