Промовирана монографијата „Гевгелија 130 години град“
Монографијата „Гевгелија 130 години град“ од авторите Златко Трајков и Ристо Стамков, со своите соработници беше промовирана во Гевгелија.
На 180 страници, преку слика и збор е прикажан развојот на Гевгелија, од самото формирање како градска населба, па се до денес. Издавач на монографијата е општина Гевгелија.
На промоцијата на монографијата се обратија градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов и академик Георги Старделов.
- Гевгелија се соочила со бројни предизвици, но, градот успевал да опстане. Пред се поради благата медитеранска клима, еколошката средина и благосостојбата на поднебјето, развојот на преработувачката и лесната индустрија, развојот на сите видови туризам, но најмногу поради отвореноста и гостопримството на градот и неговите граѓани, истакна градоначалникот Франгов во Народниот театар.
Гевгелија, како што истакна, во изминативе 130 години, од мала населба стана современ град кој е препознатлив бренд во Македонија и надвор од неа. Според него, монографијата ќе претставува потсетување и патоказ за идните генерации и поколенија.
Академик Старделов се потсети на времето минато во својот роден град.
- Од стари времиња, материјално и духовно, градот што сега слави 13 децении од прогласувањето за град се одликувал со европски манири. Блискоста до Солун, направила Гевгелија во отоманскиот период да биде нарекувана мал Цариград, истакна Старделов.
На промоцијата настапија „Распеани гевгеличани“ и хорот „Гортинија“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица