Македонија
2. November 2016 - 10:24

Промовирана книгата „Фејсбучарење” од Сузана Турунџиева

„Фејсбучарење” е насловот на книгата од Сузана Турунџиева, која синоќа беше промовирана во галеријата во  Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Настанот беше во рамки на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен 2016“.

- Станува збор за една неверојатна, искрена, несекојдневна приказна за една Сара и еден Боби. Сара е хендикепирано лице и од првиот миг кога влегува во комуникација со Боби, одлучува да не му кажува дека е во количка, за да не го изгуби пријателството со него. Животот плете чудни приказни, судбината некогаш ги меша конците и таа голема и искрена љубов добива среќна завршница, изјави Турунџиева за медиумите.

Таа најави и следен роман со наслов „Реставратор”, како и прирачник за среќа „Среќометар”. Во завршна фаза е и нејзината четврта збирка со илјада мисли и цитати.