Македонија
18. February 2019 - 15:42

Промовиран спотот за химната посветена на децата со ретки заболувања

Во рамки на активностите за одбележување на Денот на ретките болести денеска беше промовиран новиот видео-спот за химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“, во изведба на најдобрите учесници на талент шоуто „Охрид суперстар“.

Песната посветена на децата со ретки болести беше снимена во студиото „Китрозон“, според музика на Јовица Каралиевски, текстот на Сашо Митан и аранжман на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Химната беше промовирана минатата година како дел од кампањата за подигнување на видливоста на лицата со ретки болести.

Солисти во спотот се изведувачите од „Охрид суперстар бендот“, составен од Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. Екипата на Супер радио се погрижи за целиот пакет да биде комплетиран и соодветно промовиран, а Дамјан Пејчиноски го отсвири делот на гитара. За снимањето на видео спотот се погрижи „МЕГА Продукција“ од Охрид и режисерот Илија Пиперкоски.