Македонија
16. May 2018 - 18:05

Промовиран романот „Совршен странец“ на Ивана Наскова

Во рамките на 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“, во домот на култура „Илинден“ беше промовирана книгата „Совршен странец“, на младата авторка Ивана Наскова.

Ова е прв роман на Наскова. Станува збор за љубовна приказна наменета за модерни, силни, храбри и независни девојки.

Како што информираат од општина Илинден, на промоцијата присуствуваа и бројни помлади вљубеници во пишаниот збор.