Loading Video...
Спорт плус
3. May 2018 - 16:02

Промовиран новиот спортски проект „Здраво Шампиони“

Здружението за хуманитарно-општествен развој  „Проект Среќа“, денеска го промовираше својот нов спортски проект, насловен како „Здраво Шампиони“.
 
Преку овој проект кој е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, ќе бидат опфатени над 1.000 деца од целата држава од социјално ранливите категории, за кои ќе бидат обезбедени донации во спортска опрема и спортски членарини, а кои сакаат да спортуваат.