Ракомет
3. January 2019 - 14:57

Промовиран новиот дрес со кој македонските ракометари ќе играат на СП

Со новиот дрес македонските ракометари ќе настапат на СП кое од 10 јануари стартува во Германија и Данска.  Денеска беше промовирана новата опрема (дресот) со која ракометната селекција на Македонија ќе настап на Мундијал во Германија и Данска. 
 
„Не очекува голем настан кој е многу важен за нашата селекција, за разлика од претходните години одиме со подмладен состав, со многу млади играчи кои што многу ветуваат, кои што се големи таленти и очекуваме во блиска иднина дека сите тие таленти ќе го понесат товарот и ќе продолжат по нашите стапки. Мислам дека ние повозрасните направивме многу за оваа селекција во изминатите години со наша поддршка и на ова првенство ќе пробаме да ја направиме среќна нацијата. Да го дадеме нашиот максимум, ќе видиме во текот на СП за што ќе биде доволен", истакна капитенот Кирил Лазаров.
 
Единствената проверка нашите ракометари ќе ја имаат во двомеч против Србија, кој ќе се игра во  СЦ „Борис Трајковски“. Првиот натпревар меѓу Македонија и Србија, утре (петок) од 20 часот, а истиот ќе отворен за публика, додека в сабота селекциите ќе одиграат меч затворен за јавноста.
 
Македонија е во групата Б во која за противници ќе ги има селекциите на: Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и на Јапонија, против која на 11 јануари ќе го одигра првиот натпревар на Мундијалот.