Македонија
21. November 2016 - 12:13

Промовиран Кодексот за судиска етика на судиите

Независен, непристрасен и со закон востановен суд претставува гаранција во заштитата на уставноста и владеењето на правото. Непристрасноста е од суштествено значење за соодветно извршување на судиската функција. Судијата е должен да ја врши судиската функција непристрасно, како при донесување на одлуките, така и во водење на постапките.

Ова е дел од наведено во Кодексот на судска етика за судии во Македонија кој денеска беше презентиран во Скопје во организацијата на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Здружението на судиите на Република Македонија, а во соработка со ИПА Проектот 2010 - „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативните мерки“.

Директорката на Академијата за судиии јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска информира дека Етичкиот кодекс на судиите во Македонија е донесен во 2014 година кој предвидува советодавно тело во согласност до препораките од ГРЕКО од 4-тиот круг на оценка кој бара да се формира советодавно тело кое ќе ги советува судиите во случај кога имаат етички дилеми.

За хрватските примери за етика говореше Ѓуро Сеса судија на Врховниот суд на Хрватска кој рече дека во Хрватска секој апелационен суд има етички комитет кој има две финкции.

- Тоа е да дава оценки дали судијата го прекршил кодексот за етика, а другата функција му е да го оцени судот. Таа постапка има два чекора. Во ситуација судијата да не е заоволен, посебно тело во Врховниот суд одлучува по жалба, истакна Сеса.

Тој даде пример во кој судијата го надминал своето овластување, односно се поставил над судот, а сепак не сноси никакви последици.  - Тоа е само поредопредување бидејќи тоа е само оценување, рече Сеса.

На прашање за негово мислење за формирање на специјализиран суд во Македонија, рече дека ќе ја пренесе пораката на Советот на европските судови, а тоа е дека не се препорачуваат специјални судови, но дека за поздравување е воведување на специјални судии во постоечкиот судски состав.

Според Нина Бетето, судија на Врховниот суд во Словенија, во етичкиот комитет не се рабори за никаква дисциплинска одговорност, туку дека се  донесуваат насоки или препоракикои што можат да им помогнат во работата на судиите во донесувањето на одлуките. Бетето препорачува етичките стандарди да ги донесуваат самите судии.

За досегашните искуства од практичната имплементација на кодексот говореше судијата Шпенд Деваја од Врховен суд на Република Македонија и член на Управен одбор на Здружението на судии на РМ. 

Целна група на презентацијата беа судии и јавни обвинители од апелационите подрачја Битола, Гостивар, Скопје и Штип, претставници на Адвокатска комора на РМ, Нотарска комора на РМ, Комора на извршители на РМ, невладини организации.