Македонија
12. September 2015 - 11:28

Промовиран документарниот филм „БЕСА (ветување)“

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на промоција на документарниот филм „БЕСА (ветување)“, која се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Тој се надева дека документарецот „БЕСА (ветување)“ ќе даде повеќе информации, инспирација и лекциии од минатото, за да може иднината да се направи подобра и посветла.

- Овој настан нека биде уште една можност, сите заедно да изразиме повеќе хармонија, разбирање и меѓусебна толеранција, рече Адеми.

Документарниот филм „Беса (ветување)“ е базиран на вистински докази за спасувањето на Евреите од страна на Албанците за време на Втората светска војна.