Македонија
18. July 2018 - 14:56

Промовиран документарен филм за општина Новаци

Младински културен центар-Новаци и Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола приредија проекција на документарниот филм за општината Новаци, изработен на македонски, англиски и турски јазик.

Проектот има за цел да ја промовира општината, нејзините карактеристики, културно – историските споменици, можностите за инвестиции пред домашната и странска јавност се со цел развивање на рурален туризам и привлекување на странски инвестиции, информираат од општина Новаци.

Општина Новаци, со своите природни убавини, планини, реки, културно – историски знаменитости и други реткости пружа изворедни можности за развој на селскиот туризам, спортскиот лов и риболов. Документарниот филм ќе придонесе за промоција на убавините што ги поседува Новаци, но и ќе допре до секоја целна група на туристи, нагласуваат од локалната самоуправа.

Организаторите и реализаторите на документарниот филм информираа дека според Заводот за статистика на Република Македонија, најголем број на туристи во Пелагонискиот регион се граѓани на Република Турција, а Новаци како општина во која се снимаше турската серија „Збогум румелија“ е прва на листата за посета на турските туристи.