Македонија
25. November 2016 - 14:11

Промотивни настани за македонското органско производство

Промотивни настани во рамки на манифестацијата „Денови на органското производство 2016” ќе се одржат денеска и утре пред продавниците на „Биокулт“ во Гратскиот трговски центар (ГТЦ) и во Капитол мол.

Настаните ги организира Федерацијата на производители на органски производи на Македонија со поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информира Федерацијата, потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат со производителите и нивните производи, а преку организираните информативни и едукативни содржини ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство. 

Програмата предвидува и мини квиз на кој посетителите, купувачите, ќе може да го покажат своето знаење за органското производство и да бидат наградени.