Македонија
8. February 2020 - 16:40

Промотивна брошура за можностите на еко туризмот во Струмица

Можностите кои ги нуди струмичкиот регион за  еко туризмот се големи, но недостасуваат информации и промоција на природното наследство.

Во функција за развој на овој вид туризам еколошкото друштво Планетум промовираше брошура за природните вредности што ги нудат четири рекреативни пешачки патеки.  

На 150 страници сместени се голем број фотографии и информации за  флората и фауната по патеките,  ендемски и реликтни видови кои може да се сретнат по нив.

- Наместо само со еколошките вредности  се посветивме на истражување на инсектите, на птиците по патеките, на растенијата кои се здрави за консумирање, кои не се здрави, за печурките, кои цицачи ги има по патеките, кои културно историски богатства ги има по патеките, значи една сеопфатна анализа на сите тие четири патеки, вели Митко Николов, Ед Планетум.

Од еколошкото друштво Планетум велат мапираните патеки кои се опфатени во брошурата се релативно познати за љубителите на природата, но ретко кој ги забележува природните вредности наоколу. Публикацијата ја дава токму таа можност.

- Има и некои многу значајни, ретки видови кои што се загрозени видови и тоа сакавме  ние да го истакнеме, да го претставиме пред јавноста, да можат они во форма на една брошурка да го читаат за да може да ја проценат вредноста и самите да ја збогатат својата визуелна вредност, вели Страшо Даоев, автор на брошурата

Брошурата за патеките на бидиверзитетот  е прва од таков вид во државата.  Таа  претставува и еден вид креативна мапа, освен информации  на љубителите на природата треба да им овозможи  и полесно снаоѓање по патеките и доживување на авантура низ природното наследство на Струмица.