Македонија
2. November 2019 - 8:40

Промотивен тренинг за безбедно управување на мотоцикли

Промотивен тренинг за безбедно управување на мотоцикли ќе се одржи денеска и утре во СЦ „Борис Трајковски“  во Скопје во организација на здружението Мото Клуб Безбедност – Скопје.

На тренингот учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите познавања и техники за управување на мотоцикл, како и да се запознаат со програмата на здруженито.

Тренингот, како што најавуваат организаторите, е поделен на теоретски дел денеска од 17:00 до 20:00 часот во конференциската сала на СЦ „Борис Трајковски“ и практичниот дел за управување на мотоцикл утре од 09:00 до 17:00 на паркингот на СЦ Борис Трајковски.