Македонија
24. November 2015 - 9:06

Промоција на зборникот „100 илјади поети за промена“

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе биде промовиран зборникот на „100 илјади поети за промена“ во кое се застапени поети од Македонија кои учествуваа на петтото издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“ во Македонија. Специјални гости на настанот се Мохамад Фарахат и Мохамад Магди, кои се претставници на интернационалното движење од Египет.

Мохамад Фарахат е роден 1988 година во Каиро, Египет. Пишува поезија и кратки раскази, избран е за еден од најдобрите 100 арапски автори. Еден од највлијателните претставници на модерната литература од Каиро, Египет, организатор на „100 илјади поети“ за промена во Египет. Пишува за неколку национални весници и списанија за литература.

Мохамад Магди Абд Рабо е роден во 1986 година во Каиро, Египет. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поет е и автор на три книги поезија Blind who gives insight, We tell you stories, Reading in SAMERY`s book.

Добитник е на неколку престижни награди во Египет и автор е на една драма.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и за поетите кои се дел од ова движење обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи.