Македонија
11. May 2018 - 9:02

Промоција на зборник посветен на археологот Драгиша Здравковски

Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе промовира зборник посветен на д-р Драгиша Здравковски, археолог, кустос советник за младото камено време – неолит, кој својот професионален живот го посвети на истражувањето, афирмирањето и презентирањето на македонското движно културно наследство пред домашната и светската научна јавност. 

Зборникот содржи научни трудови во кои се прикажани резултатите од археолошките истражувања во неолитските населби на територијата на Македонија, Бугарија и Грција. Дел од нив беа презентирани на манифестацијата Недела на археологијата која се одржа во Археолошкиот музеј во 2015 година, како дел од сесијата предавања за неолитот, посветена на животот и делото на Здравковски. 

Уредник на зборникот е Елена Стојанова-Канзурова, а ќе го промовира проф. д-р Драги Митревски