Македонија
30. May 2016 - 8:39

Промоција на водич за терминологијата за родово базирано насилство

Презентација на „Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство - Глас против насилство.

Настанот е дел од активностите во рамки на проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жените“.

Целта е унапредување на соработката на граѓанските асоцијации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоењето различни форми на насилство врз жените, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство.

Проектот е финансиран со грант од Програмата Цовика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршка на граѓанското општсество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Го спроведува Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство - Глас против насилство во соработка со Здружението на новинари за човекови права.