-->
-->
Промоција на „Трагачи по парадокси” во Белград
-->
Четвртата книга од едицијата Балканска сатира издадена од делчевскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски на 27 октомври ќе ја доживее својата промоција на Белградскиот саем на книгата.
Како што информираше Ѓорѓијоски „Трагачи по Парадокси“ во издание на Ин Виница веритас најпрвин ќе биде промовирана на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира во Виница.
– Во четири книги од едицијата Балканска сатира се застапени 20 врвни сатиричари од Балканот, со преку 2.000 афоризми. По промоцијата во Виница оваа значајна антологија на балканската сатира
ќе биде промовирана на Белградскиот саем. Ја користам приликата сите љубители на балканскиот афоризам да ги поканам на промоцијата која ќе се одржи на 27 октомври во хала 4 на штандот на Министерството за надворешни работи на Република Србија, информира Ѓорѓијоски.
ќе биде промовирана на Белградскиот саем. Ја користам приликата сите љубители на балканскиот афоризам да ги поканам на промоцијата која ќе се одржи на 27 октомври во хала 4 на штандот на Министерството за надворешни работи на Република Србија, информира Ѓорѓијоски.
Додава дека промоцијата со присуство на автори застапени во книгата, сатиричари од повеќе држави и јавни личности ќе почне во 13 часот.
Официјната промоција на книгата на фестивалот „Ин Виница веритас” е закажана за вторник 23 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците