Македонија
11. December 2017 - 13:07

Промоција на стриповите „Црно-бели животи“

Промоција на стриповите „Црно-бели животи“, инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот „Бегалец сега - човек секогаш“, на претставништвото на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) ќе се одржи вечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Проектот е имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Здружението за истражување, образование и развој - Центар Ред, а е финансиран од Европската унија.

Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Катедра за општа и компаративна книжевност.