Македонија
29. March 2018 - 8:33

Промоција на стихозбирката „Плисок“ на Олга Панкина

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе биде промовирана новата стихозбирката „Плисок“ на руската поетеса и преведувачка од руски на македонски јазик Олга Панкина.

На македонските читатели Панкина досега им беше позната со поетските книги „Предзимје“ и „Паралелни светови“. Таа е автор на проектот „Библиотека на литературата на Македонија“ во чии рамки ги приреди и ги преведе на руски јазик антологиите „Македонски раскази“, „Современа македонска драма“ и „Современа македонска поезија“.

Иницијатор е на едицијата „Македонскиот роман на 21 век“ која од 2014 година се реализира во Москва. Автор е на преводите на руски јазик на 60 книги од македонски писатели.

За поезијата на Олга Панкина во ДПМ ќе зборуваат Соња Стојменска Елзесер и Ефтим Клетников.