Македонија
11. November 2016 - 8:58

Промоција на стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева, иселеничка која живее и создава во Белград.

За стихозбирката „Некаде помеѓу“ Пенева ја доби наградата „Стојан Христов“ што традиционално на СВП ја доделува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, која е и организатор на настанот.

За книгата ќе зборува писателот Христо Петрески, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова.