Македонија
28. October 2016 - 8:53

Промоција на стихозбирката „Божилак на исконот“ на Димкоски во Белград

Македонскиот поет Филип Димкоски вечер  во билиотеката „Милутин Бојиќ“ во Белград ќе го претстави српското издание на стихозбирката „Божилак на исконот“.

За книгата ќе говори поетесата  Снежана Алексиќ-Станојловиќ која е и рецензент на книгата, а промоцијата ќе ја води авторката Марија Лесан.

Книгата „Дуга искона“ е објавена пролетва и промовирана во Нови Сад во рамките на Меѓународната уметничка колонија „Панонски бисери“ во организација на Сојузот на книжевници СКОР, каде од неодамна член е и Димкоски.

Филип Димкоски  во Белград ќе присуствува и на 61. Меѓународен саем на книгата каде ќе ја претстави „Дуга искона“.