Промоција на романот „Пред шарени врати“ од Косте Шутиноски
Во рамките на активностите на Вевчанскиот карневал 2017, вечер ќе биде промовиран романот „Пред шарени врати“ од Косте Шутиноски. Промотор на делото ќе биде струшкиот писател Петко Шипинкаровски.
На фестивалската програма утре е отворање на изложбата на академскиот сликар Ниче Василев, а вечерта почнува музичкиот дел од програмата со концерти на Нокаут, ДНК и Фрајле.
Вевчанскиот карневал „Василичари“ ќе биде отворен на 13 јануари на пладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала, заедно со сите маскирани ќе продефилираат низ улиците и ќе ги претстават маските, кои најчесто се инспирирани од актуелните случувања што ја одбележаа тековната година. Во вечерните часови вевчанци и гостите ќе ги забавуваат Ефто Пупиноски и Анета Наковска. Традиционалното палење на маските ќе биде наредниот ден, со што завршуваат вевчанските василичарски денови.
Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот, која според специфични особини се одвојува од останатите во светот поради својата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.
Ново на Сител
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица