Промоција на романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски
Романот „Невидливи љубови“ на Владимир Јанковски, во издание на „Антолог“ вечер со почеток во 20:30 часот ќе биде промовиран во Галеријата при МКЦ.
„Невидливи љубови“, е втор роман на Јанковски, кој е составен од три приказни. Во делото авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција. Како се однесува кон девојката што ја сака некој кој може да се преобразува во предмети? На кој начин сака човек опседнат со набљудување? Што прави оној кој, секогаш кога ќе се доближи до девојката во која е вљубен, станува невидлив? Ова се само дел од клучните прашања во романот.
- Две нетипични бајки за возрасни премостени со една филмски раскажана приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга, посочува издавачот.
Промотор на романот ќе биде академик Влада Урошевиќ, а делови од книгата ќе читаат Николина Андова-Шопова и Владимир Мартиновски. Во рамки на промоцијата ќе се одржи и разговор со авторот.
Романот „Невидливи љубови“ од Јанковски е објавен со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација