Промоција на романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски
Романот „Невидливи љубови“ на Владимир Јанковски, во издание на „Антолог“ вечер со почеток во 20:30 часот ќе биде промовиран во Галеријата при МКЦ.
„Невидливи љубови“, е втор роман на Јанковски, кој е составен од три приказни. Во делото авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција. Како се однесува кон девојката што ја сака некој кој може да се преобразува во предмети? На кој начин сака човек опседнат со набљудување? Што прави оној кој, секогаш кога ќе се доближи до девојката во која е вљубен, станува невидлив? Ова се само дел од клучните прашања во романот.
- Две нетипични бајки за возрасни премостени со една филмски раскажана приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга, посочува издавачот.
Промотор на романот ќе биде академик Влада Урошевиќ, а делови од книгата ќе читаат Николина Андова-Шопова и Владимир Мартиновски. Во рамки на промоцијата ќе се одржи и разговор со авторот.
Романот „Невидливи љубови“ од Јанковски е објавен со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Милошоски: Се очекува Владата да го повлече предлогот за Фрчкоски за амбасадор во САД
-
Нов земјотрес од 6 степени по Рихтер во Грција - почувствуван и во Македонија
-
Пронајдени лицата кои ограбија 72-годишна жена во Кичево
-
ЕУ блокира испорака на вакцини на АстраЗенека за Австралија
-
Пратениците расправаа за закони од сферата на здравството, гласањето најавено за 9 март
-
Левица: Директорот Алексијоски манипулираше дека нема загадување во Охридско езеро
-
Битиќи: Секој граѓанин е важен, направени се сериозни напори за зачувување на секое работно место
-
Неготино ќе бара воведување полициски час во Општината за спречување на ширењето на Ковид-19