-->
-->
Промоција на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман
-->
Во кино Култура во Скопје денеска ќе биде промовиран романот „Клада“ од унгарскиот писател Ѓерѓ Драгоман.
Романот е во издание на издавачката куќа „Готен“, а промотор ќе биде Ермис Лафазановски.
„Клада“ е трет роман на Драгоман во кој главен лик е девојчето Ема кое е спасено од дом за сираци од нејзината необична баба, која никогаш претходно не ја сретнала. Раскажан од перспектива на девојчето кое постепено станува жена, романот изобилува со сцени кои како да се извадени од сон, спротиставени на сцените од грубата реалност на едно гратче во источна Европа.
Преводот од унгарски јазик го направи Златко Панзов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори