-->
-->
Промоција на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман
-->
Во кино Култура во Скопје денеска ќе биде промовиран романот „Клада“ од унгарскиот писател Ѓерѓ Драгоман.
Романот е во издание на издавачката куќа „Готен“, а промотор ќе биде Ермис Лафазановски.
„Клада“ е трет роман на Драгоман во кој главен лик е девојчето Ема кое е спасено од дом за сираци од нејзината необична баба, која никогаш претходно не ја сретнала. Раскажан од перспектива на девојчето кое постепено станува жена, романот изобилува со сцени кои како да се извадени од сон, спротиставени на сцените од грубата реалност на едно гратче во источна Европа.
Преводот од унгарски јазик го направи Златко Панзов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Откако не и успеа манипулацијата со финскиот модел, Царовска сака предметот историја да го избрише на насилен талибански начин
-
Активни 16.231 случај со Ковид-19, расте бројот на оздравени пациенти
-
„Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна
-
ЦДУ го бира наследникот на Меркел
-
Силен земјотрес регистриран во Татарски Теснец
-
Сообраќајот умерен, снег на повисоките места и во јужните и западните делови на земјата
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси
-
Денеска е Св. пророк Малахиј и св. маченик Гордиј