Македонија
21. April 2016 - 10:17

Промоција на регионален проект за туризмот

Бизнис конфедерацијата на Македонија ќе го промовира проектот „Туризмот се  луѓето  - Да работиме заедно за подобар социјален дијалог во туризмот“.

Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на социјалните партнери за подобрување на социјалниот дијалог на национално и европско ниво.

Преку проектот треба да се зголеми свесноста на претставниците на работодавачите и работниците за важноста на овој процес во зголемувањето на вработеноста и конкурентноста на националната економија.

Проектот се фокусира на модернизација на пазарот на труд, подобрување на вештините, квалификациите и квалитетот на работата, безбедност и сигурност на работното место, пристојна работа во секторот туризам и угостителство.

Целта на настанот е да зголеми свесноста на претставниците работниците  и работодавачите за важноста на овој процес кон зголемување на  вработеноста и компетитивноста на националната економија. Важна  фокусна точка ќе биде модернизацијата на пазарот на труд, вештините и квалификациите, квалитетот на работа, безбедност и сигурност на  пазарот на работното место и пристојна работа.

На работилницата ќе присуствуваат преставници од ССМ, Министерство за  економија - сектор туризам, Министерство за труд и социјална политка, Агенција за промоција и подршка на туризмот, професор од факултетот  за туризам и многу други.

Бизнис Конфедерацијата на Македонија е еден од партнерите на ЕУ проектот: Туризмот се луѓето - Заедно, за jакнење на социјалниот дијалог во секторот туризам и угостителство.

Проектот почна да се реализира од февруари годинава во Љубљана. Лидер на проектот е Здружението на Работодавачи на Словенија (ZDS) додека здруженијата на работодавачи, како и синдикатите од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија се партнери во проектот.