Македонија
19. April 2017 - 8:35

Промоција на Прирачник за спречување корупција во локалната администрација

Фондацијата Конрад Аденауер и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска во Скопје ќе промовираат  Прирачник за спречување на корупцијата во локалната администрација.

Прирачникот е подготвен во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација. Тој е изготвен како практична алатка која ќе им послужи на државните службеници и вработените во локалната самоуправа во секојдневното работење, придонесувајќи кон јакнење на доброто владеење на локално ниво.

Прирачникот е на располагање на македонски и албански јазик, а ќе биде дистрибуиран до сите единици на локалната самоуправа.