Македонија
17. October 2018 - 8:34

Промоција на примери и добри практики за заеднички ученички активности

Во Младинскиот културен центар - Скопје денеска во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ќе организира јавен настан за промовирање на примери и добри практики за заеднички ученички активности кои се спроведуваат во училиштата низ Македонија во рамки на проектот.

Целта на ваквите активности во кои учествуваат млади од различни етнички заедници е да се подобри меѓуетничката соработка и интеграција меѓу нив, како и да се зајакнат нивните граѓански и демократски вредности.

Покрај ученици и наставници, на настанот ќе присуствуваат и претставници од образовните институции, меѓународни организации, невладини организации и други.

Во првата година од имплементација на проектот, беа спроведени повеќе од 400 заеднички ученички активности, младински иницијативи, креативни работилници и јавни дискусии во кои учествуваа повеќе од 2.300 ученици од различни етнички заедници.