Македонија
15. October 2018 - 9:36

Промоција на „Поезијата и медицината – другата страна“ од Нада Поп Јорданова

Во мултимердијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Поезијата и медицината – другата страна“ од академик Нада Поп Јорданова.

За книгата, која е во издание на „Матица македонска“, ќе зборуваат проф.д-р Јелена Лужина и проф.д-р Владимир Мартиновски.

Нада Поп Јорданова е автор на тринаесет книги од областа на медицината. Најзини научни студии се преведени на повеќе странски јазици, за кои е добитник на национални и меѓународни признанија.

Член е на Македонската акаденија на наумите и уметностите, како и на повеќе светски академии и научни институции.