Македонија
8. February 2018 - 8:47

Промоција на поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец

Во рамки на одблележувањето на словенечкиот културен празник Прешернов ден, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец.

Книгата е објавена на словенечки и македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан. За најновото дело на авторот ќе зборува универзитетската професорка Весна Мојсова Чепишевска.

- Сите песни на Милан Јазбец извираат од една љубов. А, таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината, констатира Раде Силјан во предговорот на изданието.

Пред присутните ќе се обрати и претседателката на Друштвото на словенечки книжевни преведувачи и заменик-раководителка на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана Ѓурѓа Стрсоглавец.