Македонија
12. October 2018 - 8:38

Промоција на поемата „Бегалци од својот дом“ од Мирјана Стојановска

Книгата „Бегалци од својот дом“ од поетесата Мирјана Стојановска денеска ќе биде промовирана на Саемот на книга во Франкфурт, на штандот на Здружението на писатели на дијаспората „7-ка“.

„Бегалци од својот дом“ е поема која говори за актуелнит проблем на иселувањето на луѓето во европските земји во потрага за подобра егзистенција. Таа е и лична дилема на поетесата дали да остане на своите корени или и таа да отпатува во „белиот свет“. 

Делото ќе биде промовирано на македонски и германски јазик, а промотор ќе биде Љубиша Симиќ, претседател на здружението „7-ка“ .

Поетесата Стојановска, на покана на Здружението „7-ка“, два дена ќе гостува во книжевниот салон на ова здружение на Саемот во Франкфурт, каде ќе присуствуваат бројни писатели, критичари и издавачи во интерактивна пригодна програма со публиката.

Мирјана Стојановска е поетеса од Битола. Таа е член на ДПМ од 2007 година и беше прв претседател на Клубот на жените-писателки „Даница Ручигај“. Има објавено седум поетски книги.