Македонија
16. March 2018 - 8:39

Промоција на нова стихозбирка од Вања Изова Велева

Поетесата Вања Изова Велева вечер, со почеток во 20 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе ја промовира својата најнoва стихозбирка „Чекор по жица“.

Промоцијата е конципирана како поетски перформанс, спој од музика, уметнички слики и поезија.

Стиховите ќе ги читаат Мариета Гуциева, Катерина Панов-Кожаров и Сузана Мицева.

Дел од нејзината најнова поезија е инспирирана од уметничките слики на струмичките ликовни уметници Љупка Василева Галазка и Митко Тошев.

Изова Велева е автор на поголем број збирки поезија и прозни дела и е застапена во повеќе списанија и поетски книги.

Дел од нејзината поезија е преведувана на англиски, француски, српски, словенечки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.