Македонија
30. May 2016 - 14:34

Промоција на наградената „Кадифената покривка“ од Оливера Николова

Во  Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска беше промовирано најновото дело на Оливера Николова „Кадифената покривка“ која минатата година ја доби награда „Стале Попов“.
 
Во присисутво на поголем број љубители на литературата и на творештвото на Николова, за нејзиното најново дело зборуваше Љубинка Донева, писател и член на Друштвото на писатели на Македонија.
 
- Се работи за збирка новелети во кои се прикажани шест историски женски ликови познати во нашата и европската историја. Меѓу нив се и Менчу Трнинчу и Мара Бунева, сместени во дел од македонската историја од минатиот век, мотивирани од сопствените идеали и идеалите на партијата ,истакна во своето обраќање пред присутните промоторот Донева.
 
На промоцијата на новото дело на Оливера Николова му претходеше театарски перформанс со наслов „Приказни за Зоки Поки“, работен по истоимената книга на Николова. Учествуваа членови на детската драмска група при центарот од Кочани подменторство на актерката Силвана Јаневска.