-->
-->
Промоција на „На вечниот сопатник“ од Екрем Јашаров
-->
Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ од Скопје вечер организира промоција на книгата поезија „На вечниот сопатник“ од Екрем Јашаров.
Ова е второ самостојно поетско дело на авторот Јашаров, издадено на три јазици: ромски, македонски и англиски со цел приближување на поетските творби до што поширок круг на публика.
Јашаров ги посвети песните на скоро починатата сопруга Џемиле, неговиот долгогодишен партнер и најдобар пријател. Во нив провејува духот на ромската традиција, навираат длабоки емоции.
„На вечниот сопатник“ е втора публикација издадена од Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ од Скопје. Претходно, во јуни беше промовирана публикацијата „Анализа на влијанието на националните политики врз инклузијата на Ромите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море