Македонија
2. September 2016 - 8:36

Промоција на монографијата „Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители“

Скопскиот Универзитет денеска ќе ја промовира монографијата „Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители“ од д-р Илија Велев.

Универзитетот, како што наведуваат оттаму,  со оваа промоција покажува дека континуирано вложува во истражувањето на кирилометодиевската традиција и континуитет на словенската цивилизација и култура, а со тоа и нашата конкуреност на светската научна сцена.