Македонија
21. February 2017 - 8:33

Промоција на монографијата „Денови на света Мајка Тереза“

Монографијата „Денови на света Мајка Тереза“ денеска ќе биде промовирана во Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Оваа монографија ги презентира сите главни моменти од манифестацијата „Денови на света Мајка Тереза“, што се одржа во септември минатата година, по повод канонизацијата на света Мајка Тереза, соопштуваат од Католичката црква во Скопје.