Македонија
17. March 2016 - 8:26

Промоција на монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“

Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде промовирана монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“.

На промоцијата е најавено присуство и обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Монографијата го одбележува 12-годишниот придонес на АРМ во Авганистан кој беше заокружен во рамки на мисијата ИСАФ, а продолжува во рамки на „Одлучна поддршка“.

Покрај промоцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од учеството на АРМ во мисијата ИСАФ, а Воениот оркестар ќе одржи получасовен концерт.