Промоција на Македонско-албански/Албанско-македонски речник за деца
Првиот илустриран Македонско-албански/Албанско-македонски речник за деца денеска ќе биде презентиран пред учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар. Речникот содржи по 4.500 термини од двата јазика и е преземен од наставната програма од повисоките одделенија во основното образование.
Речникот ќе го презентира високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ - Висок комесаријат за национални малцинства (ВКНМ) Ламберто Заниер.
- Речникот е на линија на долгорочната поддршка на ВКНМ за политики насочени кон надминување на сегрегацијата во училиштата и во општеството како целина. Проширувањето на обемот на алатките за учење јазик за ученици од основно образование е директно во насока кон остварувањето на оваа цел, информираат од минисјата на ОБСЕ во Скопје.
Појаснуваат дека се содржани и кратки осврти на граматиката на двата јазика и одреден број илустрации прилагодени на возраста. Изработен е од тим на експерти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. Речникот исто така е достапен онлајн и како апликација за андроид и ајОС уреди.
Детскиот речник е подготвен од ВКНМ и Нансен дијалог центарот Скопје, со финансиска поддршка од германската влада.
Вчера речникот беше промовиран пред учениците во ОУ „Братство“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор