Бизнис
12. July 2015 - 19:34

Промоција на македонските производи на унгарскиот пазар за да се зголеми економската соработка

Унгарија сака да ги пласира најдобрите македонски производи на својот пазар и да ја интензивира еконоската соработка со МАкедонија, изјави државниот секретар за економска дипломатија на Унгарија, Левент Маѓар во интервју за Сител. По деловната средба со Сојузот на стопански комори на Македонија, Маѓар потенцираше дека Унгарија е петта земја по големина во однос на странски вложувања во Македонија, но недостасува пласирање  на македонските производи на нивниот пазар.

„Имав средба со претседателот на Економската комора на Макеоднија, тоа е организација која групира 50.000 компании како што разбрав. Тие мора да дојдат во Унгарија и да го презентираат тоа што можат да го понудат. Откако и ние имавме трговска презентација овде во Скопје, маоже да дојде и до директни разговори помеѓу овие институции. Ние сме и повеќе од подготвени да добиеме и да ги рекламираме најдобрите македонски производи на унгарскиот пазар“ рече Маѓар.

Посетата на Македонија, Маѓар ја искористи и за да го потврди долгогодишното пријателство помеѓу двете држави. Тој потенцираше дека Унгарија  сака да ја види Македонија како дел од европското семејство што е можно побрзо.

„Не сакаме повеќе да слушаме хипотетски изјави на поддршка и празни фрази, сакаме акција, брз процес кој ќе ја доведе Македонија во Европската унија и НАТО, каде што и припаѓа. СМетам дека тоа е услов и за долготрајна стабилност во Балканскиот регион“ изјави Маѓар.

Воведувањето на директна авио-линија Скопје-Будимпешта, кое  е предвидено до крајот на годинава, според Маѓар ќе ја интензивира бизнис соработката, ќе ја унапреди трговијата и ќе ги потврди одличните политички односи меѓу двете држави.