Македонија
2. October 2018 - 9:45

Промоција на „Концепт мама” - првата македонска „се во едно“ книга и дневник за родителството

Книгите „Концепт мама” и „Концепт мама дневник” од Александра Шекутковска Докоска ќе бидат промовирани денеска во Скопје. 

„Концепт мама” е првата македонска се-во-едно книга и дневник за родителството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа се што би им било неопходно на современите родители. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и претставува моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.

Александра Шекутковска Докоска (1984) е родена во Скопје, Македонија.

Дипломирала како архитект-инженер на Архитектонскиот факултет во Скопје 2009 година.

Во септември 2012 завршила напредни магистерски студии за урбан дизајн на ЕТХ Цирих. Работела како архитект, урбан дизајнер, истражувач и асистент на универзитети и студија во Скопје, Цирих, Бангкок и Франкфурт.