Македонија
12. December 2017 - 8:50

Промоција на книгата за деца „Мистериозното јајце“

Книгата за деца „Мистериозното јајце“, од авторот и илустратор Оливер Коларевски ќе биде промовирана вечер во книжарницата „Литература.мк“.

Коларевски беше еден од победниците на конкурсот за илустратор на бајки за деца што го организираше здружението за поддршка на креативноста Ило Лауренчиќ – „Браво Сине“. Книгата е преведена и издадена и на англиски јазик.

Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во Арс Ламина публикации.