Македонија
13. November 2017 - 9:16

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов! - Архитектонската мисла на Живко Поповски“

Книгата „На Скопје, со љубов! - Архитектонската мисла на Живко Поповски“ приредена од Анета Христова - Поповска и Мери Батакоја, ќе биде промовирана вечер во Музејот на Град Скопје.

За книгата и за делото на Живко Поповски ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, проф. архитект Мартин Гулевски и поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

Книгата преставува комплетна збирка на текстови, колумни и интервјуа кои архитектот Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, надополнета со авторски цртежи и два воведни текста од приредувачките.

„На Скопје, со љубов!“ е прва книга која во фокус го става интелектуалниот ангажман на архитектот Живко Поповски. 

Истражувачкиот дел на проектот е реализиран со академска поддршка на Архитектонскиот факултет и техничко-финансиска поддршка на Арт проект лаб и Град Скопје.